Пролонгиран рокот за завршување на реконструкцијата на регионалниот пат Велес-Градско

pat
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рокот за обнова на регионалниот пат Велес -Градско Р 1102, во должина од 22 километри, е пролонгиран до 30 ноември годинава, потврдуваат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Изведувачот бил воведен во работа на 30 август лани, а рокот од  9 месеци истекол до 30 мај 2023.


-Поради непредвидени и дополнителни работи на патната делница рокот на завршување на работите е продолжен за 6 месеци или до 30 ноември 2023 година. Асфалтирани се 12 километри БНС -прв слој на асфалт и 6 километри АБ – втор (завршен) слој на асфалт, изјавија од ЈПДП.

Вредноста на работите е 347.356.374 денари,обезбедени со заем од ЕБОР, а изведувач е „ХИДРОСТРОЈ“ и „ЕСКАВАТОРИ“ МК ДООЕЛ.

Од ЈПДП посочуваат дека патот е под времен режим и движењето зависи од активностите на изведувачот.

– Патот  комплетно се затвора само кога има асфалтирање и по завршување на асфалтирањето е потребно да се олади асфалтот до одредена температура, процес што опфаќа неколку часа, и потоа може да се движат возила. Поради високите температури изведувачот работи од 7 до 11 часот потоа нема активности/асфалтирање, појаснуваат од ЈПДП.

Последните 10 километри од делницата се уште се земјен пат, а алтернатива за патување е автопатот, каде има патарина.

Градежни активности не се одвиваат во недела кога е неработен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK