Судскиот совет денеска избра 25 нови судии за повеќе основни судови, како и за Основен кривичен суд – Скопје.
По првиот оглас од Службен весник бр.73/23 беа избрани тројца судии во Основниот суд Битола, еден во Основниот суд Свети Николе, еден во Основниот суд Струмица и двајца во Основниот суд Тетово, додека, по огласот објавен во Службен весник бр.112/23 беше избран уште еден судија во Основниот суд Битола, осум во Основниот граѓански суд Скопје, седум во Основниот кривичен суд Скопје и двајца во Основниот суд Струмица.
Помеѓу судиите кои беа избрани во Основниот кривичен суд Скопје беше и судијата Кирил Георгиев, син на членот на Судскиот Совет, Наке Георгиев, кој утрово поднесе оставка од својата функција во Советот поради лични причини.