Мицкоски ја посети општина Битола

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе  врши реалокација на средства од основниот буџет назад во општините и во тој план, годишно во Битола ќе се инвестираат по околу 11,5 милиони евра, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Битола.

Мицскоски од својот домаќин, градоначалникот Тони Коњановски беше информиран за градежните работи во општината што се реализираат во овој период, како и за состојбите во Советот на Општина Битола по формирањето на ново локално мнозинство.


-Политиканствата на локално ниво што ги прави новоформираната локална коалиција СДСМ, Левица и поинаку се надевам ќе бидат надминати затоа што Битола им припаѓа на битолчани, и така сите треба да се однесуваат. Но, и покрај ситните политиканства што се водат во Советот на Општина Битола во овој град се реализираат повеќе проекти. За неколку месеци ќе има нова реалност, нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и според нашиот план ќе се врши реалокација на средства од основниот буџет назад во општините. Во тој план, годишно околу 11,5 милиони евра ќе бидат реалоцирани за проекти во Битола, односно 46 милиони евра во четири годишен мандат за капитални инвестиции. Тоа ќе биде исклучително голем инвестициски циклус за капитални инвестиции во Битола. Планираме нов базен во Битола, училишта, детска градинка и други проекти за достоинствен живот на битолчани, истакна Мицкоски.

Во овој период во општината се работи на 15 локации во урбаниот и руралниот дел на градот, информира градоначалникот Тони Коњановски.

-Битола овие месеци е градилиште, се работи на 15 локации, а пред Офицерски дом се завршува партерното уредување. За ова култно место за битолчани вложивме над 20 милиони денари, инвестиција за ново осветлување, наводнување и одвод. Се гради и паркинг просторот со нов влез пред спортската сала „Боро Чурлевски“ на кој ќе има можност за паркирање на 245 возила. Наскоро ќе се асфалтира новоизградена улица во поранешната касарна, а се уредува инфраструктурата и во повеќе населени места. Во Нова Битола се оформува нов парк, а се гради и на Копанки каде се обновува планинарскиот дом, посочи Коњановски.

На прес-конференција во Битола беше соопштено дека до крајот на годината ќе се изгради и реконструира патна инфраструктура во должина од околу 25 километри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK