„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Македонија

energy pres
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во следните неколку дена, односно до крајот на месецов се очекува во Грција да биде објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција, пишува грчкиот портал „Енерџи прес“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на порталот специјализиран за енергетски теми, грчкиот национален оператор за пренос на гас (ДЕСФА) е подготвен за почеток на конкретната процедура за избор на изведувач што ќе ја преземе изградбата на гасоводот и набавката на секундарни материјали.


-Намерата на Операторот е процесот со потенцијалниот изведувач да заврши наесен за да може да се донесе конечната инвестициска одлука, секако пред крајот на годината, па дури и пред декември. Дополнително, според истите информации, почетокот на работата на гасоводот се очекува да биде кон средината на следната година, пишува „Енерџи прес“.

Порталот посочува дека грчкиот оператор ДЕСФА го презеде и управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ Северна Македонија, откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија „Номагас“.

-Доминацијата на ДЕСФА над останатите кандидати на тендерот, практично значи дека Операторот на грчкиот систем ќе има надзор над изградбата на целата инфраструктура, бидејќи е одговорен и за развојот на делот на домашен терен, пишува порталот.

Интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција предвидено е да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас, а планирано е да биде завршен до средината на 2025 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK