ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар (ПОЦ) и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопјe за седум дена санкционираа 192 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Како што соопшти ПОЦ, од 17.07. до 23.07.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 89 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 103 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, се наведува во соопштението.