Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа во 20.15 часот, го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(37) од Скопје.
– При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја, соопштија денеска од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.