Леонида Гроздановска го освои првото место на меѓународениот коњички турнир во прескокнување пречки „CSI“ што се одржа викендот во Солун.
Македонската натпреварувачка беше најдобра со грлото Џилдан и заслужна за интонирање на македонската химна.
Победничкото време на Дуковска изнесуваше 74,13 секунди. Втора беше Русинката Викторија Исаева со време 77,14 секунди, трета Јоана Кларк од Романија со време 82,98.
Покрај Гроздановска, на турнирот учествуваше уште една Македонка, Силја Дуковска.