Антоанета Димовска и Наке Георгиев, членови на Судскиот совет на Република Македонија, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
Во собраниската Охридска сала, како што е најавено, свечена изјава пред пред спикерот Талат Џафери, ќе даде и Светлана Жупаноска, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.