Турскиот Парламент во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за НАТО

erdogan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Парламентот во Анкара во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за членство во НАТО.

– Кога парламентот ќе продолжи со работа (во октомври по летната пауза), ќе направиме сè што е потребно, а пратениците ќе го разгледаат барањето на Шведска. Конечната одлука е на пратениците, рече Ердоган во говор по седницата на владата.


Тој додаде дека Анкара е подготвена да ги реши сите проблеми со дијалог.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK