– Крилниот кошаркар на НБА лигашот Минесота, Кајл Андерсон, доби кинеско државјанство и ќе може да настапи за репрезентацијата на Кина на Светското првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.
Андерсон е роден во Њујорк, а како што јавија денеска кинеските медиуми, државјанството го добил врз основа на кинеското потекло на еден од неговите прадедовци од мајчина страна.
Андерсон минатата сезона во дресот на Минесота имаше просек од 9.4 поени, 5/3 скокови и 4.9 асистенции по натпревар.