Македонските шахисти поразени од Турција на стартот на јуниорското екипно ЕП


shahisti_345345543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Македонската шаховска јуниорска репрезентација до 12 години со пораз го почна настапот на Европското екипно првенство, откако попладнево во воведното коло во романскиот град Иаши загуби од Турција со 1-3.

Цел поен за македонската репрезентација освои Даниел Стефановски (1334, рејтинг) во дуелот против Ерен Бујук (1839), додека порази претрпеа Павел Крстевски, на втората, Никола Петровски, на третата и Благоја Миновски на четвртата табла.

Во конкуренција на 11 екипи, македонските шахисти предводени од селекторот Орце Данчевски, според рејтингот се на 10 место со просечен рејтинг од 1340.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK