– Шпанската конзервативна Народна партија (НП) ги почна разговорите со другите партии во парламентот за да ја побара нивната поддршка за влада што таа ќе ја предводи, откако вчера победи на предвремените парламентарни избори, соопшти денеска лидерот на партијата Алберто Нуњес Фејхо, пренесуваат британските медиуми.
Народната партија освои 136 места во 350-члениот Долен дом на шпанскиот Парламент, многу помалку од потребните 176 за да има целосно мнозинство, па затоа партијата ќе може да смета на формирање влада само со поддршка од другите политички сили.