По усвојувањето на реформата, синдикатите во Израел ја разгледуваат опцијата за генерален штрајк „ се до постигнување на целосно повлекување“

protesti izrael 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на главниот синдикат на работниците во јавниот сектор во Израел, Арнон Бар-Давид, изјави денеска дека ќе разговара со другите синдикални претставници за организирање можен генерален штрајк откако парламентот го ратификуваше клучниот елемент од контроверзниот план за реформи во судството.

-Од овој момент секој унилатерален напредок во судските реформи ќе има сериозни последици. Или работите ќе се движат напред со широк договор или воопшто нема да одат напред, рече Бар-Давид, пренесуваат британските медиуми.


Тој додаде дека на состанокот со другите синдикални лидери ќе ја разгледа опцијата за активирање генерален штрајк „доколку е потребно, додека не се постигне целосно гасење“.

Израелскиот парламент – Кнесетот, претходно денеска, го усвои клучниот закон во планираната судска реформа предложена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, со кој се отстрануваат овластувањата на Врховниот суд да ги укинува одлуките на владата и парламентот за кои тој смета дека се неразумни и штетни.

Законот беше донесен со 64 гласа „за“ и ниту еден „против“, а пратениците од опозицијата во знак на протест го бојкотираа конечното гласање за законот.

Гласањето уследи по речиси 30- часовна непрекината дебата што почна вчера наутро.

Во тој период, стотици илјади демонстранти излегоа на улиците да протестираат против усвојувањето на законот што го сметаат за недемократски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK