Двете македонски екипи кои преостанаа ова лето на европската сцена, Струга и Шкупи, денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дознаа можните противници за третото коло во Конференциската лига.
Шампионот Струга во случај да го мине второто коло од квалификациите во кое игра против црногорски Будуќност, за противник во следната рунда го доби поуспешниот од пресметката меѓу Њу Сеинтс од Велс и Свифт Хеспеr од Луксембург.
Фудбалерите на Шкупи, пак, доколку го минат бугарски Левски, во следното, трето, квалификациско коло ќе играат против победникот од дуелот меѓу израелски Хапоел Бер Шева и литвански Паневезус.
Првите натпревари од третото квалификациско коло во Конференциската лига се на програмата на 10 август, а реваншите една недела подоцна.