Продолжуваат градежни активности во индустриската зона Речица, Кумановско

bager
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Продолжуваат градежните активности во индустриската зона Речица во Кумановско, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општината.

– Почна изработката на сливници со приклучни цевки за атмосферска канализација на улицата „Индустриска“ во зоната Новини и Речица, по што ќе следи асфалтирање, изјави помошникот-раководител на одделението, Момчило Јовановски.


Претходно беше поставена атмосферска канализација на еден дел и беа асфалтирани дел од улиците во зоната. Владата вложи 24 милиони денари во подземна инфраструктура за оваа зона.

Зоната се наоѓа на атрактивна локација во непосредна близина на автопатот „Пријателство“ Е-75 кон Табановце, (во близина на село Речица) на само пет километри од српската граница и е во близина на двата коридори 8 и 10. Таа е урбанистички уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK