Битолското Здружението на пензионери кое дејствува на подрачјето на општините Битола, Могила и Новаци, додели прехранбени производи на членови пензионери кои се немоќни и со ниски месечни приходи.
Хуманитарната поддршка и акција е спроведена во рамки на проектот „Рурален пензионер“ поддржан од Европската унија, истакна Даница Петличкова, претседателка на Здружение на пензионери-Битола.
– Нашите членови посетија пензионери во повеќе населени места од трите пелагониски општини, односно престојуваа во Добрушево, Дедебалци, Скочивир, Гермијан, Рапеш, Добромири, Зович, Новаци, Могила, Бистрица, Долно Оризари, Карамани, Трн и во Буково. Во сите рурални средини, на пензионерите што се со ниски месечни приходи им доделивме пакети со прехранбени и хигиенски производи, посочи Петличкова.
Здружението на пензионери-Битола континуирано на различни начини обезбедува дополнителна поддршка на своите над 18.000 членови, и секако во зависност од нивните потреби и социјална состојба, нагласуваат од тамошното Здружение, статистички најголемо во државата.