Мицотакис до Денков: Бугарија ја сметаме за стратешки партнер на Грција

micotakis denkov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бугарија ја сметаме за стратешки партнер на Грција, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со неговиот бугарски колега, додека пак Николај Денков посочи дека односите меѓу двете се базираат на многу добри основи, јави дописничката на МИА од Атина.

Премиерот на Бугарија заедно со владина делегација во која се министрите за финансии, за животна средина и вода, за транспорт и врски и за енергетика, денеска се во еднодневна работна посета на Атина, а утрово беа примени од Мицотакис и министри од грчката Влада.


Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека двете делегации на средбата разговарале за перспективата за зајакнување на трговските и економските односи, биле разменети мислења и за соработката во енергетиката, транспортот и поврзувањето.

Станало збор и за прашања од европската агенда, како што е миграцијата, но и учеството на Бугарија на годинешниот Меѓународен саем во Солун како почесна земја.

На почетокот на средбата на двете делегации Мицотакис посочи дека денеска е важен и симболичен ден за Грција, бидејќи се одбележува 49-годишнината од обновувањето на демократијата во 1974 година, но и истакна дека сепак е и тежок ден поради пожарите, а паралелно му се заблагодари на Денков за помошта од Бугарија.

– Особено ја цениме вашата поддршка и претставува доказ за одличното ниво на нашите билатерални односи. Но, имаме и многу прашања да дискутираме. Бугарија ја сметаме за стратешки партнер на Грција. Имаме многу теми во кои можеме да соработуваме и сигурен сум дека ќе ги разгледаме многу подетално, почнувајќи од нашата европска агенда и продолжувајќи со нашата соработка во енергетиката, инфраструктурата, транспортот, истакна Мицотакис.

Додаде дека Бугарија е „многу важен економски партнер за Грција“, но голем пазар за грчкиот извоз, како и важна дестинација за грчките директни странски инвестиции.

Бугарскиот премиер посочи дека им претстои многу работа, но тоа се заснова на многу добри основи, бидејќи односите меѓу двете земји „се навистина одлични“ и додаде дека постои взаемен изразувајќи уверување дека во наредните месеци и години може да се направат значајни чекори напред во сите области.

-Го споменавте транспортот, енергетскиот сектор, би можел да ги споменам и безбедносните напори во источното крило на НАТО, нешто што стана важно, за жал, во последната година. А не претставува изненадување тоа што тука сме со многу силен тим, бидејќи во сите овие области имаме конкретни проекти, од кои некои се веќе започнати. Неколку од нив се на преговарачка маса и би можеле да започнат во наредните месеци. Она што го констатирав кога влегов во канцеларијата е дека, за среќа, со постои има многу активен, не само контактна, туку и многу активна соработка во сите овие области, потенцираше премиерот на Бугарија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK