Кремљ негира дека руските сили погодиле црква во Одеса

1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кремљ денеска негираше дека руските сили погодиле црква во Одеса, која беше оштетена во текот на ноќта во нападите што го погодија историскиот центар на градот во јужна Украина.

„Нашите вооружени сили никогаш не ја таргетираат социјалната инфраструктура, а уште помалку црквите… Ги негираме тие обвинувања, тоа е апсолутно погрешно. Станува збор за (украинските) противвоздушни ракети кои беа лансирани и ја уништија црквата“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјави дека во претходната ноќ Русија истрелала 19 ракети кон пристаништето Одеса, при што едно лице загина, а околу 15 лица се повредени.

Според извештаите, над 200 години старата црква на Преображение Господово, која е дел од светското наследство на УНЕСКО, била погодена и оштетена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK