Затворањето на козметичките и фризерските салони во Авганистан ќе доведе до загуба на околу 60.000 работни места

avganistanki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фризерските и козметичките салони во Авганистан ќе бидат затворени во следните недели по налог на талибанските власти, а тоа ќе доведе до губење на околу 60.000 работни места.

Талибанските власти минатиот месец власти одлучија да ги забранат фризерските и козметичките салони.


На 19 јули жените одржаа протест во Кабул против одлуката на талибанските власти да ги затворат козметичките салони, а околу 50 Авганистанки извикуваа „Работа, леб и правда“. Полицијата употребила водени топови за да ја растера толпата, а неколку жени изјавиле дека полицајците користеле и шок-пиштоли.

Талибанците, кои дојдоа на власт пред две години, претходно им забранија на жените да посетуваат средно училиште и факултет, како и користење на спортски сали и престој во паркови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK