Истражување: Изборот на храна може да зависи од гените

ceni- hrana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Факторите како што се приходи, општествен статус, географска местоположба и култура го одредуваат видот и квалитетот на исхраната во одредено подрачје, гените исто така може да играат улога, посочува ново истражување на Медицинскиот факултет при Универзитетот на Колорадо во САД.

– Некои од гените што ги идентификувавме се поврзани со сетилните патишта – вклучувајќи ги и оние за вкус, мирис и текстура – и исто така може да го зголемат одговорот на мозокот. Бидејќи генетиката игра многу помала улога во влијанието на внесот на храна од сите фактори на животната средина, треба да проучуваме стотици илјади поединци за да откриеме генетски влијанија меѓу факторите на животната средина, појасни Џоан Кол од Универзитетот.


Oколу 500 гени „директно влијаат“ на исхраната на луѓето, посочува написот каде што се анализираат здравствените и социо-економските податоци на луѓе од „Биобанката“ во САД  – база на податоци со повеќе од 500.000 луѓе. Истражувачите заклучиле оти има околу 300 гени „директно поврзани“ со консумацијата на одредени видови храна и близу 200 гени поврзани со навиките за исхрана и групите на храна како што се риба или овошје.

Taa ќе ги претстави првичните наоди на годинашната Конференција на Американското здружение за исхрана во Бостон.

Можниот следен чекор, според научниците, е „да се открие дали користењето на генетиката на една личност за приспособување на профилот на вкус на диета наменета за губење на тежината, може да го подобри придржувањето“ кон тој режим? Тоа би можело да помогне во составувањето идни диети и програми за слабеење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK