Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера во 13:50 часот на влезот од село Четирце, кумановско го лишиле од слобода Б.З.(26) од Скопје.
Како што информира МВР, тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, врши превоз на шест лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.
-Мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар Табановце, а Б.З. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.