Превртени канти за отпадоци и расфрал отпад, растурени цвеќиња, уништени зелени површини. Таква е сликата во Струга по уништување на дел од урбаната опрема и уредениот зелен простор од страна на несовесни граѓани.
Јавното претпријатие „Комунално“ апелира да не се оштетува и да не се остава лоша слика за градот.
– Ве молиме да не ги оштетувате урбаните средини, дрвјата, цвеќињата и зеленилото, поставени од ЈП „Комунално“. Ваквите постапки само му штетат на градот и го уништуваат ликот на нашата убава Струга. Ајде сите да се грижиме за нашиот град да биде што е можно почист и поубав, стои во апелот на претпријатието.