Хамилтон: Реалноста е дека не сме доволно брзи

HAMILTON
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги искажа впечатоците по трката во Формула 1 за ГН на Унгарија, споделувајќи го своето мислење за перформансите на тимот.

Британецот призна дека немал доволно брзина за да се избори за победа, но шансата за подиум во голема мера ја пропушти поради лошиот старт.


– Мислам дека е очигледно дека сме далеку од тоа да бидеме најбрзи. Ние го немаме најбрзиот болид, така што јас сум многу горд на тимот и себеси за тоа колку добро поминавме вчера, што успеавме да го освоиме полот пред светскиот шампион и два други болиди кои беа побрзи од нас. Ова е денешната реалност. Кога утрово разговаравме за стратегијата за трката, (инженерите) веднаш ми рекоа дека според симулациите ќе бидам најмалку 0,5 секунди побавен од Ред Бул. Значи, нашата борба не беше со Макс, туку се надевавме дека ќе можеме да се бориме со Мекларен, но еден од Мекларените исто така беше пребрз за нас. Мислам дека би можеле да завршиме на третото место доколку почневме малку подобро, изјави Хамилтон.

Седумкратниот светски шампион трката на „Хунгароринг“ ја почна од пол-позицијата, но на крајот беше четврти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK