Поради реконтрукција на филтер станицата, беровчани утре без вода за пиење

berovo_23434242323
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Градот Берово и дел од околните места утре ќе бидат без вода за пиење. Причината за прекинот во водоснабдувањето како што информираа од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга” се градежни активности кои ќе се одвиваат на тамошната филтер станицата.

-Заради реализација на активностите по проект ,, Реконструкција на филтер станица”, утре  24.07.2023 година (понеделник) , ќе има прекини со водоснабдувањето на територијата на цела општина. Поради ова ги замолуваме граѓаните за разбирање за валвата состојба, информираа од претпријатието.


Информираа дека поради зголемената потрошувачка водоснабдувањето се одвива со мали проблеми, но брз притоа да има рестрикции.

-Се случуваше во најтоплите периоди граѓаните од повисоките места во градот да немаат вода, заради што апелиравме на совесно користење на водата за пиење, додадоа од комуналното претпријатие.

Дополнителни информации за текот на реконструкцијата на филтер станицата најавија во текот на утрешниот ден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK