Реакција на градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски на објавата на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска

stefkovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Данела Арсовска не ја говори вистината и ги манипулира граѓаните!
Соочена со нискиот рејтинг како и со недостаток на реализација на ветените проекти, Данела Арсовска го претвори градот Скопје во центар за лаги, манипулации и креирање на вештачки кризи.
Деталниот урбанистички план ЦС 10.03 е предложен од страна на приватен инвеститор, а не од моја страна како што Арсовска ја манипулира јавноста.

Ја информирам јавноста за целата досегашна постапка по однос на предметниот Детален урбанистички план:


1.На ден 13.11.2020 година во време кога јас не сум бил градоначалник, од страна на приватен инвеститор е отпочната постапка за изработка на Детален урбанистички план СЦ 10, Блок ЦС 10.03, со доставување на барање за одобрување на планска програма;
2.На ден 05.02.2021 година во време кога јас не сум бил градоначалник, е оддржана седница на Партиципативното тело на општина Гази Баба кое ги разгледало планските програми и по истите немало забелешки;
3.На ден 08.02.2021 година, тогашниот градоначалникот на општина Гази Баба донел Решение за одобрување на планска програма за ДУП за градска четврт ЦС 10, Блок 03;
4.На ден 19.02.2021 година во време кога јас не сум бил градоначалник, Секторот за Урбанизам доставил барање до приватниот инвеститор да го достави Деталниот урбанистички план;
5.На ден 08.04.2021 година во време кога јас не сум бил градоначалник, Комисијата за урбанизам на општина Гази Баба издава Мислење на работната верзија на ДУПот во кое наведува 14 точки со утврдени недостатоци и го враќа планот на инвеститорот;
6.На ден 19.07.2021 година во време кога јас не сум бил градоначалник, повторно на Комисија за урбанизам е разгледана корегирана работна верзија на ДУПот и повторно се наведени 12 точки со утврдени недостатоци и е вратен планот на инвеститорот;
7.На ден 30.09.2021 година во време кога јас не сум бил градоначалник, повторно на Комисија за урбанизам е разгледана корегирана работна верзија на ДУПот и повторно се наведени 13 точки со утврдени недостатоци и е вратен планот на инвеститорот;
8.На ден 12.01.2022 година во време кога јас сум градоначалник, Комисијата за урбанизам повторно разгледува корегиран ДУП и наведува 13 точки со утврдени недостатоци и планот е вратен назад кај инвеститорот.
9.И последно на 12.09.2022 година, Комисијата за урбанизам повторно го разгледува корегираниот ДУП доставен од инвеститорот и утврдува 17 точки со недостатоци и го враќа кај инвеститорот.
Во последното мислење, кое е дадено во време кога јас сум градоначалник на општина Гази Баба на планерот му е укажано дека е потребно да направи хуман и рамномерен развој со почитување на Генералниот урбанистички план на Град Скопје за засегнатите жители, а со цел овозможување на простори за нови зелени површини, јавни простори, училишта, градинки и друго, а не планерот од лукративни интереси поврзани со инвеститорот (финансиерот на ДУПот) да го нарушува хуманото идно живеење.
Поради погоре наведеното, барам Данела Арсовска да се извини бидејќи не ја говори вистината. Документите говорат дека приватен инвеститор, а не јас го има доставено ДУПот во постапката. Не постои ниту еден документ кој го има мојот потпис, а се однесува на овој детален урбанистички план.
Граѓаните на општина Гази Баба да бидат спокојни. Додека сум јас градоначалник на општина Гази Баба, хуманото градење ќе биде приоритет, а за градежната мафија нема да има место во Гази Баба.
Очекувам час поскоро да се закаже расправа во Советот на град Скопје за да се види кој се бил вмешан во предлог планот и која политичка партија го иницирала неговото изготвување.
Апелирам до градоначалничката Арсовска наместо да сее лаги и да се обидува да манипулира со јавноста да се зафати со работа и да ги реализира проектите за кои доби доверба од граѓаните на општина Гази Баба. – напиша Стефковски.

фото:МИА архива 

 

Одделение за протокол и односи со јавноста

Сектор за поддршка на Градоначалникот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK