Расчистена тешка кражба на паркинг во Автокоманда

20230723153139_big_730x400_72
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единицата за интервентна полиција вчера лишила од слобода малолетник осомничен за „тешка кражба“ во мај годинава на паркинг во населбата Автокоманда.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот е осомничен дека кривичното дело го извршил заедно со други пет малолетници од Шуто Оризари и Топанско Поле на 8 мај 2023 на паркинг во Автокоманда, при што со употреба на алат скршиле стакла на шест возила и одзеле предмети.


-Тој е приведен во Полициско одделение Шуто Оризари, каде во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници е извршен службен разговор во врска со кривичното дело, наведува МВР.  Во изминатиот период службени разговори биле извршени и со петте други малолетници кои учествувале во извршувањето на ова кривично дело и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK