Партијата на премиерот Хун Сен прогласи победа на изборите во Камбоџа

hun_sen_34543543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Партијата на премиерот Хун Сен победи на парламентарните избори во Камбоџа, покажуваат првичните резултати од гласањето.

Портпарол на Камбоџанската народна партија изјави дека партијата на премиерот извојувала убедлива победа.


Централната изборна комисија. соопшти дека гласачите масовно излегле на изборите со одѕив од 84 отсто.

На парламентарните избори во Камбоџа не се очекуваа изненадувања. По изборите, премиерот Хун Сен, кој управува со земјата цели 38 години, треба да му ја предаде власта на својот најстар син.

Во отсуство на опозиција, се очекува Камбоџанската народна партија на Хун Сен да ги освои сите 125 места во парламентот, како и во 2018 година.

Изборите беа критикувани од коалиција од 17 меѓународни невладини организации, кои изразија загриженост поради „значајниот недостаток на транспарентност, правичност и вклученост во изборниот процес“.

Денешните избори се седми во Камбоџа по мировниот договор од 1991 година со кој беше означен крајот на ерата на Црвените Кмери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK