Изложба на Киро Урдин во Букурешт

kiro_urdin_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – По неодамнешниот успешен настап во галеријата „Амадлози ” на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци”, македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин ќе се претстави во Букурешт.

Во еминентната галерија „Константин Бранкуши”, сместена во Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент, нашиот уметник ќе се претстави со нова поставка на изложбата „Табула Раса”, на површина од блиску 600 квадратни метри. На два мониторa во галеријата, посетителите ќе можат да ги проследат документатните филмови на Урдин, „Планетариум” и „Табула Раса”.


Изложбата, која ќе биде отворена за Денот на Републиката, 2 Август, и ќе трае до 31 август, финансиски е поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија, медиумски спонзор е каналот „ТВ Културал”  на Романската национална телевизија, а помагатели се нашата амбасада во Букурешт, „Пивара” Скопје, винаријата „Попова Кула” и „Меана”, Букурешт.

Куратор на изложбата е историчарката на уметност Марика Теохаревска, а комесар на проектот е историчарот на уметност Јане Теохаревски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK