– Во сообраќајна контрола вчера на територијата на Скопје полицијата казнила 168 возачи, од кои 48 за возење со брзина поголема од дозволената.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 13 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, 13 за управување под дејство на алкохол.
-Изречени се осум мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за користење мобилен телефон и пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, информира МВР.
Министерството укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.