Меѓународен ридско брзински натпревар „Пониква 2023“

reli_345435443
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Меѓународен ридско брзински натпревар „Пониква 2023“ кој се бодува за FIA-CEZ шампионатот и за домашниот шампионат на ридско брзинските натпревари денеска ќе се одржи на регионалниот пат од Кочани кон планинскиот рекреативен центар Пониква, поточно на 1,5 километар од крстосницата кај село Бејли.

Стартот на 33-от традиционален натпревар ќе биде од местото викано Губриште, а целта на местото викано Пашаџамина шума.


На патеката во должина од 5,3 километри ќе се возат две трки на кои ќе настапат триесетина возила со возачи од земјава, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Полска.

Oрганизатор на трката е Авто-клубот Перформанс, во соработка со  Автомобилистичката Федерација на Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK