Единаесет загинати во пожар во бар во северно Мексико, предизвикан од пијан гостин

policija meksiko
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единаесет лица загинаа во пожар во бар во северниот мексикански пограничен град Сан Луис Рио Колорадо, предизвикан од пијан гостин кој фрлил молотов коктел.

Властите во сојузната мексиканска држава Сонора, која граничи со Аризона во САД, соопштија дека според првичните сознанија од истрагата, осомничен сторител е млад човек кој бил многу пијан при нападот. Тој претходно бил исфрлен од локалот поради навредување на гостите.


Веднаш по нападот избегал и полицијата трага по него.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK