Големата награда на Унгарија останува во календарот на Формула 1 до 2032 година, објави денеска раководството на Ф1.
Унгарските организатори досега имаа договор за одржување на трките до 2027 година.
Унгарците во рамки на новиот договор се обврзаа дека ќе ја обноват и модернизираат патеката. Особено внимание ќе биде посветено на боксовите и доградба на новата главна трибина.
„Ова е посебна патека покрај неверојатниот град Будимпешта и една од оние која сите возачите и нашите навивачи со нетрпение ја чекаат во календарот“, изјави извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали.
Сместен на 20 километри од Будимпешта, култниот „Хунгароринг“ е дел од Ф1 календарот од 1986 година.