На територијата на СВР Битола денеска во сообраќјна полициска контрола од 8 до 14 часот изречени се санкции за 91 возач за брзо возење.
-Од вкупно 91 возач, 65 ја пречекориле брзината во населено место, а 26 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР укажува дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.