– Едно лице загина, а девет се повредени кога пукнала цевка со врела вода во трговскиот центар „Сезони“ во Москва.
Спасувачките екипи трагаат по едно лице за кое се верува дека е заробено од излеаната топла вода на еден од катовите во трговскиот центар, јави ТАСС..
Руските спасувачки служби не ја исклучуваат можноста бројот на повредени да се зголеми.