– Амазон соопшти дека ќе инвестира 120 милиони долари во изградба на фабрика за сателити во вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида.
Овој потег доаѓа додека технолошкиот гигант во сопственост на Џеф Безос се подготвува да ги лансира првите сателити како дел од она што се очекува да биде амбициозна интернет мрежа наречена „Кајпер“ (Kuiper).
Фабриката ќе биде изградена на местото на историскиот објект за лансирање и слетување (LLF), што претходно се користеше за мисиите на НАСА во вселенскиот шатл.
Целта на проектот „Кајпер“ е да распореди широка мрежа од 3.236 сателити во ниската орбита на Земјата за глобален брз пристап до Интернет.
Огромниот објект сателити ќе игра клучна улога во подготовката на сателитите за лансирање на ракети од United Launch Alliance и Blue Origin, исто така во сопственост на Безос.
Изградбата се очекува да заврши во 2024 година.