Општина Крива Паланка објави повик за субвенции за семејствата со првачиња

kp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Крива Паланка објави повик за субвенции за сите првачиња од општината што ќе седнат во училишните клупи во учебната 2023/24 година. Сите семејства што имаат прваче годинава можат да аплицираат за еднократна парична помош од 3.000 денари.

Со усвоена одлука од страна на Советот на Општина Крива Паланка од 10 април 2023 година, во учебната 2023/24 година од буџетот се издвојува парична помош за сите првачиња, со цел олеснување на почетните трошоци за учениците во семејствата.


– Субвенции за првачињата од општината ќе се доделат врз основа на поднесено барање до Општина Крива Паланка.Со цел олеснување на процедурите и полесна апликација, барањето за остварување на еднократна помош освен со писмено потполнување и достава до општинската архива, може да се поднесе и онлајн преку веб или мобилната верзија на дигиталната платформа мЗаедница, објавија од општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK