Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 650 возачи.
Од нив, информираа денеска од МВР, 52 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 322 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 328 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.