Нова опрема за ноќно обележување на сообраќајниците во Битола

bitola
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Битола синоќа почна со обележување на хоризонталната сигнализација во градот со нова машина и опрема набавена од страна на јавното претпријатие „Паркинзи“.

Новата инвестиција вредна 2,25 милиони денари ја промовираа секретарот на општината Борче Димитровски и директорот на јавното претпријатие Зоран Михајловски.


– Последниот период се соочуваме со голем предизвик со новонастанатата ситуација со зголемените температури. Внимаваме на препораките, но во договор со економските оператори со кои имаме склучени договори со цел навремена реализација на инфраструктурните проекти, а работиме на повеќе од 10 проекти, работното време се организира во раните утрински часови, попладне или во вечерните часови за да може да се задоволи потребната динамика, изјави Димитровски.

Од Општина Битола соопштија дека во тек е јавна набавка за камион за отпад за тесни улици за подобрување на јавната чистота низ улиците на Битола, како и шест косилки и дополнителна механизација, а корисник ќе биде јавното претпријатие „Комуналец“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK