Прекин на водоснабдување денеска од 11 часот ќе имаат корисниците на дел од улицата „Вера Вучкова Жежељ“ број 239 во Хиподром.
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека причина за прекинот на водоснабдувањето е дефект на истата улица и дека прекинот ќе трае се до завршување со санација на дефектот.