Приведен битолчанец по централна потерница за издржување казна затвор од 6,3 години

PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МВР соопшти дека вчера на улицата „Караорман“ во Битола полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Џ.(22) од Битола кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години и три месеци за сторени кривични дела по член 238, 242, 236 и 396 од Кривичниот законик.

Д.Џ. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната. Инаку, при лишувањето тој физички нападнал полициски службеници за што ќе му биде поднесена соодветна пријава.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK