Во Битола казни за 81 возач за брзо возење

mvr_stop_56756
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На територијата на СВР Битола вчера во периодот од 12.00 до 18.00 часот спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 81 возач.

Од вкупно 81 возач, информираат денеска од МВР, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 22 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.


Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK