Бројот на загинати во свлечиштето во централна Колумбија се искачи на 20

kolumbija_potraga_324242343
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Бројот на загинати од лизгање на земјиштето во градот Куетаме, во централниот колумбиски регион Кундинамарка, се искачи на 20, соопштија властите во земјата.

Спасувачката операција траеше цел ден во обид да се ослободат луѓето затрупани по обилните дождови кои предизвикаа лизгање на кал во раните утрински часови во вторникот.


Градското собрание на Куетаме посочи дека 20 куќи се под калта, а еден мост е однесен, што доведе до затворање на патот што ја поврзува Богота со Вилависенсио, главниот град на Мета, една од главните земјоделски области во земјата.

Поради оваа причина, колумбиската влада овозможи да се изгради воздушен мост меѓу Богота и Вилависенсио со два авиона и пет дополнителни летови.

Колумбискиот претседател Густаво Петро рече дека регионот сè уште има „аномалии поради нестабилноста на теренот“ и затоа властите ќе им помогнат на семејствата веднаш да се преселат, бидејќи, како што рече, „опасноста не е помината и важно е бројот на жртвите да не се зголемува“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK