Во велешката библиотека се одржа тридневна работилница „Лето во библиотека“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Од вторникот до денеска во велешката локална библиотека „Гоце Делчев“ се одржа тридневна работилница за основци насловена „Лето во библиотека“, а на која учесниците беа запознати со процесот на правење книга, информира директорката Снежана Бошевска. Таа појаснува дека целта била учениците кои се на летен распуст да ја засакаат книгата и да научат како се прави таа и на крај од работилницата и самите да изработат илустрации за своите книги.

Таа информира дека првиот ден беше насловен: „Патот на книгата – од идеја до полица“



– Учесниците во работилницата се запознаа со елементите на книгата, начинот на нејзината обработка, чување и издавање во библиотеката.

Преку разговор децата добија информации како да се создаде една книга, од самата идеја на авторот, преку издавачките куќи, печатниците, па се до полиците на библиотеката.

Имаа средба со велешанката Наташа Брезовска-Богоевска, која сподели моменти од создавањето на нејзините книги, информира Бошевска.

Втор ден од работилницата беше насловен со „Правописот во македонскиот јазик, основен елемент за добра книга“.

– Учесниците на работилницата се запознале со улогата на лекторот при создавање книжевно дело. Се напоменаа најчестите грешки на кои наидуваме при лекторирање на ракописот.

Лекторирањето на книгата е еден од условите за да се испечати една книга, информира Бошевска.

Трет и последен ден од работилницата кој се одржа денеска беше насловен „Оживувањето на книгата преку илустрациите“.

Бошевска информира дека учесниците во работилницата преку разговор со илустраторот Евгенија Андреева научиле за илустрациите во една книга. Како да се дојде до најдобрата идеја за илустрација, којашто најмногу одговара на текстот и ја поттикнува визуализацијата, a и фантазијата.

Воедно на крајот од тридневната работилница секој од учесниците преку процесот на критичко размислување дојде до илустрациите за својата книга.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK