Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов заедно со Директорот на секторот за развој и инвестиции при АД ЕСМ, Благој Гајдарџиски одржаа работен состанок со GOPA-International Energy Consultants GmbH (intec) и Градежен институт Македонија АД (ГИМ) претставени преку: Paul Freunscht – GOPA, Извршен Директор за обновлива енергија, Влатко Иванов – ГИМ, Генерален Директор, Горан Ѓошевски – ГИМ, Директор за проектен менаџмент
На работниот состанок се потпиша договор за консултантски услуги и надзор на проектот „Транзиција на ЕСМ кон соларна енерегија“ за фотонапонската електрана „Осломеј 2“ со инталиран капацитет од 10MW и “Битола 1 ” со инсталиран капацитет од 20MW за кои се очекува да се започне со нивна реализација до крајот на оваа година. Овој проект е финансиран преку заем од Европската Банка за Обнова и Разој (ЕБОР)
Соработката и поддршката од институции како GOPA и ЕБОР се од клучно значење за полесна и побрза транзиција кон обновливи извори на енергија.
АД „Електрани на Северна Македонија“ први во регионот изградија соларна електрана на место на исцрпен рудник за јаглен во Осломеј. Фотонапонската електрана e изградена во кругот на РЕК Осломеј во Кичево истовремено е и рекултивација на земјиштето на кое во минатото се ископувал јаглен. Електраната во моментот е функционална, веќе го користи сонцето кое го има во изобилие на ова поднебје и дава придонес во вкупното дневно производство на АД ЕСМ.
АД ЕСМ продолжува да се движи кон зеленото сценарио со цел да станеме енергетски независна земја која ќе произведува електрична и топлинска енергија само од обновливи извори на енергија.