Вон контрола пожарите на грчкиот остров Родос и во западниот дел на областа Атика, се евакуираат села

pozar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три села и хотел во планински дел на грчкиот остров Родос и две села во Мегара, во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, се евакуираат поради пожарите што сè уште не се ставени под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку бројот 112 за итни случаи од жителите на селата во близина на пожарот, како во Атика, така и на Родос, беше побарано да се евакуираат.


Министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиљас упати апел за голема внимателност и избегнување на секаква активност што би можела да предизвика пожар.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претпладнево беше во Националниот координативен центар за операции и управување со кризи со цел да се информира за пожарите во земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK