Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Перо Наков“ во Скопје вчера го лишиле од слобода С.Р. (20) од Скопје кој управувал мотоцикл за кој постоело сомнение дека бил одземен.
Како што соопшти МВР, С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Мотоциклот бил вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.