Собранието ја почна 120. седница, на дневен ред и Предлог-законот за данок на солидарност

sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Со 2,5 часа задоцнување, Собранието ја почна 120. седница на чиј дневен ред има 15 точки меѓу кои е и Предлог-законот за данокот на солидарност, по скратена постапка.

Пред пратениците се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, сите по скратена постапка.



Треба да се разгледува и Предлог-законот за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој.

По 120. седница, Собранието треба да одржи уште осум седници – 51., 61., 69., 71., 103., 111. 115. и 117.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK