Во Прилеп почна втората фаза прскање против комарци

komarec
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Од ноќеска па до четврток, во периодот од 22 до 5 часот изутрината на територијата на Прилеп екипа од Центарот за јавно здравје ја спроведува втората фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција за уништување на комарците.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот, како и во населените места, а ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло.



Од Центарот за јавно здравје информираат дека доколку има неповолни временски услови дезинсекцијата ќе се спроведево следниот поволен ден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK