Американска нуклеарна подморница вплови во јужнокорејските води, првпат по 1980-тите години

amerikanska nuklearna
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американска подморница со балистички проектили со нуклеарен погон (SSBN) заплови во територијалните води на Јужна Кореја за првпат од 1980-тите, изјави денеска Курт Кембел, координатор на Белата куќа за Индо-пацифичкиот регион, со што потврди дека двата сојузника почнале разговори за координиран одговор во случај на нуклеарна војна со Северна Кореја.

Кембел потврди дека посетата на американската делегација е во тек, што се очекуваше по најавата дадена во заедничката декларација за време на самитот меѓу јужнокорејскиот претседател Јун Сук Леол и американскиот претседател Џо Бајден, што се одржа минатата година во Вашингтон.


-Додека денеска зборуваме американска нуклеарна подморница влегува во пристаништето Бусан. Тоа е прво пристигнување на американска нуклеарна подморница по децении, изјави Кембел на брифинг во Сеул, каде што присуствуваше на првите нуклеарни разговори со јужнокорејските власти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK