Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во спроведена контрола на територијата на главниот град изрече вкупно 109 мерки.
-Од изречените санкции, 20 се за возење повеќе од дозволената брзина, четири мерки за возење без возачка дозвола, осум за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за користење на мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, известуваат од полицијата.
Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.